Не се најде јунак за Раховец и Андоновски – 11 победи на 11 меча!

Шампионот на Косово, Раховец, предводен од македонскиот стратег Горан Андоновски, оствари нова победа во домашното првенство.

Раховец славеше убедливо на гостински терен кај составот на Трепча со 23 погодоци разлика, 50-27.

Ова беше 11 победа на 11 меча во шампионатот на Косово за првакот, кој достојно се претстави и на меѓународна сцена оваа сезона.

До крајот на есенската полусезона за Раховец претстојат уште три средби – две на домашен терен против Кастриоти и Љапи, како и на гости кај Вјоса, па тимот на Андоновски има шанса со максимален биланс да ја заврши првата етапа.