Тимот на Цирих, каде игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, ја прекина серијата порази во швајцарскиот шампионат.
Цирих славеше на гостински терен кај незгодниот Фади Винтертур со 31-23 во натпревар од 14 коло.
Поповски беше меѓу водечките стрелци и успеа да погоди четири пати од четири обиди во домашната мрежа, и како многупати оваа сезона беше без грешка.
Цирих сега е на шестото место на табелата со 13 бодови, додека во следното коло на домашен терен ќе игра против Базел.