Десниот бек Елена Ѓорѓиевска на ЕП 2024 ќе го има последниот настап за репрезентацијата на Македонија.
За Ѓорѓиевска ова ќе биде настап на петто големо натпреварување. Таа беше дел од македонската репрезентација на СП 2005 во Русија, ЕП 2006 во Шведска, СП 2007 во Франција и ЕП 2008 во Македонија.
Не беше дел од ЕП 2012 и претходното ЕП 2022 во Македонија, Словенија и Црна Гора поради повреда.
На десет одиграни натпревари на ЕП 2006 и ЕП 2008 кога уште беше тинејџерка, Ѓорѓиевска постигна пет погодоци.
Таа се уште е активна во клупската кариера и настапува за полскиот Калиш.