Екипата на Радовиш во досегашниот тек од сезоната во Супер лигата на 12 одиграни натпревари не успеа да се израдува на победа.
Повратникот во суперлигашкото друштво се наоѓа на последното место со еден бод, оној кој што беше освоен во драматичниот натпревар со дебитантот Бисинов.
Преостанатите дуели од регуларниот дел од сезонаната Радовиш ќе ги искористи за подобро воигрување и добра подготовка за она што ќе следува во борбата за опстанок.
,,Ние пред стартот на сезоната знаевме против кои екипи можеме да играме, односно да се носиме. Тоа се екипите на Струга, Бисинов, Куманово, Прилеп…Во првите меѓусебни дуели со нив имавме и повредени играчи, лоши услови, немавме тренинзи, но се надевам дека со засилување во играчкиот кадар и со сериозни подготовки ќе може да го избориме опстанокот во Супер лигата”, изјави тренерот на Радовиш, Спасе Ѓорѓиев.
Радовиш во следното, 13. коло од Супер лигата ќе има соочување со тимот од Автокоманда.