Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од осмото коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер игра важен натпревар со данската Фредериција во борбата за осминафиналето, а судии доаѓаат од Словенија.
Станува збор за Бојан Лах и Давид Сок, додека делегат на натпреварот во Битола ќе биде Марко Треспиди од Италија.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција ќе се игра во среда, на 20 ноември со почеток во 20:45 часот.