Раховец на Андоновски останува непоразен – го доби македонскиот двобој во Косово

Екипата на Раховец, кој е предводена од македонскиот стратег Горан Андоновски, а во која настапува кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат.

Раховец во заостанатиот натпревар од 6. коло од најквалитетното натпреварување на Косово славеше убедливо против Вјоса на Илиja Трпевски и Обрен Фичуроски со 17 гола разлика, 38:21.

Со новите два бода, тимот предводен од Андоновски го зголеми бодовното салдо, сега има 14 бода, додека главните конкуренти на Раховец, Беса и Кастриоти, два пода помалку – 12.

За Раховец ваквите полесни натпревари со домашни екипи се проверка на силите пред големиот предизвик во Европскиот Куп.

На 23 ноември, Раховец во рамки од 3. коло од третото по ранг европско клупско натпреварување ќе биде домаќин на романската Баја Маре, а реванш дуелот ќе биде на 30 ноември во Романија.