Десетина дена по инцидентот на „Светата војна“ во Полска, дербито меѓу Висла Плоцк и Келце, полската федерација ги изрече казните.
Претходно беше објавена суспензијата на Хорхе Македа, кој ќе паузира шест натпревари, по синиот картон откако го гризна Мирсад Терзиќ.
Двата клуба ќе мора да платат парични казни од 30.000 полски злоти, или по околу 6.900 евра за недисциплината на своите тренери и ракометари.
Двајцата тренери, Талант Душебаев и Хавиер Сабате, кои имаа вербална пресметка, а малку фалеше и за физичка, се казнети со шест меча суспнезија.
Аркадиуш Морито од Келце и Леон Шушња, кои исто така беа инволвирани во инцидент, заработија суспензија од четири, односно два натпревари во полскиот шампионат.