Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска пристигна во Данска, а вечерва го одработи тренингот пред утрешниот меч Вво Ш.
Битолчани утре ќе ги одмерат силите со Фредериција во натпревар од 7. коло и против данскиот тим ќе атакуваат на првиот триумф во европската елита.
Фредериција во минатото коло триумфираше над Висла Плоцк, додека Еурофарм Пелистер беше поразен од унгарскиот гигант Веспрем.
Утрешниот натпревар меѓу Фредериција и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.
Правдата на натпреварот ќе ја делат Роберт Шулце и Тобијас Тониес од Германија, а делегат е Томо Водопивец од Словенија.