Легендарниот Шмал стана претседател на полската федерација

Легендарниот Славомир Шмал ја доби довербата и ќе биде претседател на Ракометната федерација на Полска во следните четири години.

Шмал доаѓа на местото на Хенрик Шчепански, а во конкуренција покрај поранешниот голман беа уште една легенда на полскиот ракомет – Богдан Вента и Дамјан Дробик.

Сепак во текот на Изборното Собрание, Вента се повлече, па Шмал ја доби довербата од повеќето делегати.

Шмал има 46 години, одигра 298 меча за Полска од 1998 до 2018 година, освои три медали на СП – сребро во 2007, а бронза во 2009 и 2015.

Беше избран за најдобар играч од ИХФ во 2009, а во кариерата играше за Варшавјанка, Висла Плоцк, Либек, Рајн Некар Левен и Келце.