Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од 6. коло од Лигата на шампионите на свој терен ќе го пречека унгарскиот гигант Веспрем.
Избраниците на Чави Пасквал во досегашниот тек од сезоната остварија четири победи, беа поразени само на натпреварот со Спортинг Лисабон.
Еурофарм Пелистер токму против Веспрем ќе атакува на првата победа во европската елита, а билeтите за овој натпревар се веќе во продажба.
Тие можат да се набават ТУКА, како и на уште неколку локации низ Битола.
Цените на билетите се 450 денари, односно 550 денари, во зависност од местото на седење во салата „Боро Чурлевски“.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем ќе се одигра на 24 октомври, со почеток од 20:45 часот.