Се повреди против Вардар и ја заврши сезоната!

Тунискиот репрезентативец Амин Дармул, се повреди на мечот против Вардар во Лигата на Европа и нема да заигра до крајот на сезоната.

При еден напад на Мелсунген, Дармул незгодно доскокна и падна на теренот превиткувајќи се од болка.

Прогнозите се остварија, се работи за скинати предни вкрстени лигаменти на коленото, па следува операција и долга рехабилитација.

Мелсунген забележа две победи во Лигата на Европа против Порто на гости и дома против Вардар, а сега го очекува гостување кај Валур на Исланд.