Десниот бек на Келце, Хорхе Македа, доби висока казна од Дисциплинската комисија на раководството на полскиот шампионат.
Шпанскиот интернационалец мора на „ладење“ на четири натпревари, поради синиот картон што го доби на дербито со Висла Плоцк.
Тој го гризна противничкиот ракометар Мирсад Терзиќ по еден нивни дуел, а судиите му доделија црвен и син картон.
Македа ќе ги пропушти натпреварите против Калиш, Пјотрковија Трибуналски, Сласк Вроцлав и Вибжеже Гдањск.
Келце и без Македа ќе биде фаворит на овие натпревари, но со оглед на краткиот ростер и многуте повредени ракометари во тимот, на Талант Душебаев сигурно нема да биде опуштен пред овие четири меча.