Ракометниот Сојуз на Србија неодамна доби ново раководство, а лавина реакции имаше по најавата за смена на селекторот Борис Ројевиќ.
Тој има активен договор со РСС, но новото раководство веднаш стави до знаење дека бара нов предводник на машката репрезентација на Србија.
Србите беа елиминирани од Шпанија во баражот за СП 2025 година, за само еден гол и Ројевиќ направи тогаш добра работа, но очигледно во РСС се решени за промена.
„Имав состанок со селекторот Ројевиќ. Сакаме да ангажираме стручњак што е меѓу петте најдобри во Европа, па наголемо работиме на регулирање на договорот и разделбата со Ројевиќ“, изјави Иван Миливојевиќ, генерален секретар на РСС за „Журнал“.
По пропуштениот обид за пласман на Мундијалот 2025, сега Србија се врти кон квалификациите за ЕП 2026, а таму ќе биде во група со Шпанија, Италија и Летонија.
Низ српските медиуми веќе се споменуаа контати со Талант Душебаев и Раул Гонзалес, как потенцијални кандидати за селекторското место.