Извршниот Комитет на ЕХФ минатиот месец ги објави потенцијалните кандидати за домаќини на машките ЕП во 2030 и 2032 година, како и на женското ЕП 2032.
Иако Турција беше единствен кандидат за женското ЕП 2030 година, сепак нивната кандидатура не беше прифатена, па ЕХФ ќе им даде дополнително време на заинтересираните федерации да испратат свои апликации.
Заинтересираност постои од страна на Србија, која веќе има искуство со домаќинство на сениорски континентални натпреварувања.
„Наскоро ќе ја комплетираме потребната документација за апликацијата за ЕП 2030 година. Доколку се укаже прилика да се позиционираме некаде и порано, сигурно ќе го искористиме тоа. Освен што тоа ќе придонесе за напредок на положбата на РСС, тоа ќе биде и приход за нашиот ракомет, како и за државата. Да се потсетиме дека сегашните простории на РСС се купени од заработените пари од организацијата на првенствата во 2012 и 2013 година“, изјави генералниот секретар на РСС, Иван Миливојевќ.
Србија беше домаќин на женското ЕП 2012 година, како и на машкиот континентален собир истата година, кога Македонија го постигна својот најдобар репрезентативен успех – петтото место.