Најавуваа титула во ЛШ, а по првата сезона им се случи распад-систем!

Иако Црвена Ѕвезда во новата сезона влезе со високи амбиции, а пред стартот на српскиот шампионат крена фама дека може да создаде тим за домашната титула, па и за титула во ЛШ за неколку години, челниците на клубот изминатиот период имаа многу работа.

Тимот од Белград на четири одиграни натпревари во домашниот шампионат оствари три победи, доживеа пораз од Железничар, а во втората рунда од Европскиот Куп на првиот натпревар против Бломберг не успеа да парира ниту во еден дел од натпреварот и убедливо загуби со 39:24.

Пред стартот на сезоната, екипата на Црвена Ѕвезда не успеа да го освои трофејот во Супер Купот на Србија, откако беше поразена од Железничар. Поради направениот кикс на домашна сцена, како и високиот пораз во Германија, пораз кој што значи фактични елиминација од Европскиот Куп, раководството на клубот реши да ја прекине соработката со довчерашниот тренер Саша Бошковиќ.

Некогашниот селектор на женската сениорска репрезентација на Србија ќе мора да бара нов клупски ангажман, додека Црвена Ѕвезда квалитетен тренер, кој ќе треба да ги оствари зартаните цели на клубот.

Црвена Ѕвезда дел од подготовките за оваа сезона ги мина во Македонија, учествуваше на турнирот во организација на актуелниот шампион Ѓорче Петров.