🎥 Цепелинот на Георгиевски во ТОП 5 голови на колото во ЛЕ

Македонскиот вицепрвак Вардар славеше против исландскиот Валур со 33-26 во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Вардарци одиграа одличен натпревар пред своите фанови во СЦ „Јане Сандански“, а публиката можеше да види неколку атрактивни голови и одбрани.

Еден од головите на Вардар се најде во ТОП 5 голови во првото коло во второто по ранг европско натпреварување.

Станува збор за цепелинот на некогашниот репрезентативец на Македонија, Гоце Георгиевски, кој иако има 37 години, се уште игта на високо ниво.

Најдобриот гол на првото коло од Лигата на Европа го има ракометарот на Горење Велење, Владо Матановиќ.