Репрезентацијата на Шведска, која е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство 2024, ќе настапи без денсиот бек Нина Копанг.
Членката на Вајперс Кристијансад пред извесен период успешно го оперираше менискусот на коленото и ја очекува рехабилитација на подолги стази.
Од таборот на Вајперс Кристијансад се надеваат дека Копанг ќе може да му помогне на тимот на натпреварите од плеј-оф фазата во националниот шампионат.
Шведска на континенталниот собир со Македонија ќе се соочи во првото коло од групната фаза, односно на 28 ноември во Дебрецин.
Освен со Македонија, скандинавската селекција за ривали ги има и репрезентациите на Турција и Унгарија.
Европското првенство 2024 ќе се одржува во периодот од 28 ноември до 15 декември, а ко-организатори се три земји – Унгарија, Австрија и Швајцарија.