Тимот на Дубочица Лесковац, каде што игра македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, немаше шанси против српскиот првак Војводина.
Во натпреварот од 4 колло во српскиот шампионат, тимот од Нови Сад славеше против Дубочица во Лесковац со 38-29.
Иваноски беше меѓу подобрите во домашниот тим и успеа да постигне пет погодоци од девет обиди во мрежата на Војводина.
Следен предизвик за Дубочица Лесковац и Иваноски ќе биде гостувањето кај амбициозната Црвена Ѕвезда.