Некогаш големиот талент, Стефан Терзиќ, во новата сезона го носи дресот на францускиот третолигаш Вернуј. Ова е втора сезона за српскиот десен бек во овој тим, откако лани пристигна таму по настапите во чешкиот првак Талент Плзен.
Некогашниот член на Вардар, на кој му предвидуваа блескава иднина, никогаш не успеа да блесне во полн сјај.
30-годишниот Терзиќ, кој потекнува од Борац Бања Лука, играше за европскиот првак Хамбург во 2012 година, пред да дојде во Вардар.
Во Скопје мина две сезони, дел од времето во Македонија го помина и на позајмица во МАКС Струмица за европските настапи. По заминувањето од Вардар во 2015 година, играше за шпанската Ла Риоха, па три сезони се задржа во португалската Бенфика.
Играше и за романската Потаиса Турда, израелскиот Рамат Хашарон, словенечкиот Целје, па чешкиот Плзен, пред лани да замине во францускиот третолигаш.