Вардар се мачеше 44 минути, па го „прескокна“ Бутел

На Вардар му требаа 44 минути да ја мине „магичната граница“ од три гола предност, а потоа се беше полесно на дуелот со Бутел, што го добија „црвено-црните“ со 30-27 (16-15). После подолго време Вардар го имаше пак расположениот Стефан Петриќ кој постигна 8 гола, а кога се „кршеше“ резулатот за шест минути и одбраната и голманот Гогов беа на висина на задачата.

Речиси во текот на целио тмеч водеше Вардар, со 1-2 гола, а Бутел израмни во еден период од првото полувреме, па и поведе. Но, младиот состав на Горан Кузмановски го немаше „факторот Х„ кој може да им донесе изненадување

За само шест минути од 46 до 52 минута, Вардар направи предност од 28-21 која беше и пресудна за конечниот исход. Во тој период Гогов двапати одбрани, а Вардар брзо реализираше со што си направи да има лесна завршница.

Стефан Петриќ конечно „се разбуди“ и почна да игра онака како што очекува од него тренерот Владо Недановски, да дава голови. Со своите проектили потсети на некои од своите добри мечеви лани.

Бутел има потенцијал, но им треба искуство и искуство за да можат да издржат во ист роитам 60 минути, и секако подолга клупа од квалиттени играчи.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ОХРИД550010
2АЛКАЛОИД44008
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР54018
4ВАРДАР 196154018
5БУТЕЛ52034
6ПРОЛЕТ51224
7ТИКВЕШ 201441123
8ПРИЛЕП41123
9КУМАНОВО41032
10БИСИНОВ Ф. Л.41032
11СТРУГА51042
12РАДОВИШ40040