„Македонскиот“ Холабрун ниже победи во Австрија

Тимот на Холабрун, каде тренер е Влатко Митков, а каде што играат Хари Павлов и Филип Арсеновски, запиша нова победа во Австрија.

Холабрун на домашен терен беше подобар од тимот на Сент Полтен со 30-28, откако и на паузата водеше со 15-13.

На овој натпревар Павлов стрелаше два пати, додека Арсеновски беше прецизен исто толку пати, но одработи и во одбраната.

Холабрун сега има три победи на три натпревари и е единствениот тим без пораз оваа сезона.