Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби кај Динамо Букурешт со 34-25 во третото коло од Лигата на шампионите.
Голманот Никола Митревски беше на висина на задачата и покрај поразот, но жали за тоа што не ги израдуваа „Чкембарите“ што беа во Букурешт.
„Динамо Букурешт имаше одличен напад и контранапад во првото полувреме. Во вториот дел ние игравме малку подобро, но не одговоривме како што требаше. Нашите фанови се одлични. Благодарност што патуваа дури до Букурешт. Сакавме да ги направиме среќни со победа, но за жал им останавме должни“, изјави Митревски.
Следен предизвик за битолчани ќе биде дербито со Вардар, потоа следуваат натпревари со Пролет и Куманово, пред да се вратат на обврските во Лигата на шампионите и домашниот дуел со Спортинг Лисабон.