Македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре го игра третиот натпревар во Лигата на шампионите на гости кај романскиот првак Динамо Букурешт.
Тренерот Бранко Ангеловски вели дека и покрај тоа што ги очекува два тешки меча во три дена, нема да има штедење во Букурешт.
„Не очекува исклучително важна недела. Повторно сме во Лигата на шампионите и одиме на гости кај сериозен противник, екипа од Романија, сериозна екипа која има буџет од 8,9 милиони евра. Таму има играчи кои настапуваа за Барселона и неслучајно Динамо Букурешт има две победи на два меча во ЛШ. Одиме со позитивна енергија, да дадеме максимум што можеме и без разлика што играме за кратко време со Вардар, нема да се штедиме. Ќе се надмудруваме со нив“, вели Ангеловски.
Во Букурешт сега тренер е Давид Дејвис, а има состав комбинација од најдобрите романски играчи и квалитетни странци како Цупара, Рошта, Кашпарек, Трастарсон…
„Динамо Букурешт е државен проект и склучително напредуваше и неслучајно се 8,9 години шампиони на Романија. Секоја година одат скалило погоре, беа финалисти во Лигата на Европа и собраа бодови да играат директно во Лигата на шампионите. Ги имаат најдобрите романски играчи и добри и квалитетни странци“, заврши Ангеловски.
Наптреварот меѓу Динамо Букурешт и Еурофарм Пелистер се игра утревечер во салата „Поливалента“ со почеток во 18:45 часот.