📷 „Лисиците“ беа подобри од македонскиот шампион

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од 2. коло од Лигата на шампионите загуби на свој терен од Фуксе Берлин со 30:22. За пелистерци ова беше втор пораз во најквалитетното европско натпреварување, додека за Фуксе Берлин првата победа во ЛШ. Најефикасен во составот на домаќините беше Богдан Радивојевиќ со пет погодоци, четири додаде Кузмановски. Кај Фуксе Берлин прво име беше Ласе Андерсон со седум реализации.Три гола зад своето име запиша младиот Самоил Ристевски, кој вечерва на своето деби од ЛШ го покажа својо раскошен талент. 

Еурофарм Пелистер – Берлин галерија