Младинскиот репрезентативец Самоил Ристевски вечерва дебитираше во најелитното европско клупско натпреварување.
Иако шампионот Еурофарм Пелистер загуби од Фуксе Берлин со 30-22, сепак овој меч ќе го памети засекогаш младиот кружен напаѓач.
Тој успеа да постигна три погодоци од три обиди и изнуди еден удар од седум метри, а мина кратко време на теренот.
Секој потег на младиот битолчанец беше бурно поздравен од трибините во „Боро Чурлевски“.
Следен предизвик за Ристевски и Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај романскиот првак Динамо Букурешт.