Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска го очекува втор предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите.
Во Битола гостува германскиот вицепрвак Фуксе Берлин, а двајцата тренери Бранко Ангеловски и Јарон Сиверт ги одредија составите за вечерната пресметка.
Ангеловски ќе може да смета на повратникот Усама Хосни, додека деби во Лигата на шампионите ќе има младинскиот репрезентативец Самоил Ристевски.
Надвор од комбинација останаа одамна повредениот Ненад Костески, голманот Печурица, десниот бек Петровиќ, пивотот Кајо Цикатиќ, како и левиот бек Алем Хаџиќ. Фуксе Берлин ќе биде со најсилниот ростер во Битола.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.