Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер по мечот со ПСЖ, ќе биде на нов испит, овојпат во Битола каде ќе го пречека Фуксе Берлин.
Овој натпревар ќе го судат шведските арбитри Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, додека делегат е Гркот Мигас.
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се одигра на 18 септември во салата „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот.