📷 Пелистерци тренираа во Париз – подготвени за двобој со момците на Раул

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија утринскиот тренинг пред натпреварот со ПСЖ од првото коло во Лигата на шампионите.

Избраниците на Бранко Ангеловски одново го почувствуваа теренот во Париз, каде минатата сезона загубија со 31-26, но имаа солидна партија во најголем дел од мечот.

Двете екипи имаа победнички загревање за овој натпревар во домашните шампионати. ПСЖ дома беше подобар од Ним со 36-33, додека Еурофарм Пелистер славеше кај Тиквеш со 31-27.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер ќе стартува вечерва од 20:45 часот во салата „Пјер Де Кубертен“