Македонските сениорки на 23 септември ќе ги започнат подготовките за Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Тогаш е закажан првиот собир, на кој селекторот Кристијан Грчевски на располагање ќе има 21 ракометарка, односно 15 интернационалки и шест ракометарки од домашните клубови.
Бидејќи Македонија се наоѓа во тешка група на ЕП, ќе игра со Унгарија, Шведска и Турција, планирани се силни тест средби.
Македонија на 28 и 29 септември ќе тестира со Австрија, двата натпревари ќе ги одигра на гостински терен, а ќе учествува и на турнир во Романија.
Првиот натпревар на „црвено-жолтите“ на Европското првенство ќе биде против Шведска, во второто коло ќе се судрат со Турција, додека во третото коло ги очекува Унгарија.
Македонија на ова Европско првенство ќе треба да се покаже во добро светло, односно да го даде најдоброто од себе, со цел да се најде во првиот шешир пред ждрепката за пласман на СП 2025.
Грчевски го објави првиот список пред ЕП – смета на 15 интернационалки!