Левиот бек Бобан Попов по долго време настапи во странство реши да се врати во матичниот клуб и во Македонија.
Штипјанецот, кој ги мина сите младински категории на Текстилец, ќе се обиде да мму помогне на клубот во прволигашката конкуренција.
Во Македонија настапуваше уште и за Металург Јуниор и Прилеп, во Германија, пак беше дел од Именштат и Витенберг. Има искуство и во Португалија, каде настапуваше една сезона за составот на Мариенсеш.
Покрај играчката улога, Попов ќе биде активен и како тренер на младинските категории на штипскиот клуб.
Текстилец во новата сезона ќе биде дел од групата Б и ќе игра против Вардар Неготино, Скопје, Младост Богданци, Македонија Ѓорче Петров, Шампион, Партизан Гевгелија, Драчево и Преспа Вардар.