Пелистерецот Хосни дел од идеалниот тим на турнирот во Добој

Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Усама Хосни, се најде во идеалниот тим на ТВ Турнирот на шампионите во Добој.

Тунижанецот Хосни имаше одлични партии на натпреварите против Црвена Ѕвезда и особено против унгарската Татабања, па заслужено се најде во најдобрата седморка.

Меѓу другите во идеалниот тим се најдоа и левото крило на Загреб, Тимур Дибиров, како и голманот на Татабања, Мартон Секељ.

Следен предизвик за Хосни и Еурофарм Пелистер ќе биде Супер Куп натпреварот против „сино-белите“ од Автокоманда во среда од 19:00 часот.