На Еурофарм Пелистер поради лоша гол разлика му избега и мечот за бронза во Добој

Во решавачкиот меч кој носеше пласман во финалето на турнирот во Добој ракометарите на Еурофарм Пелистер го загубија од Загреб, со 19-37 (9-20). Наместо финале, Еурофарм Пелистер со овој пораз има ист број бодови како и Загреб и Татбања, но поради полошата меѓусебна гол разлика битолчани завршија како третопласирани на мини-табелата.

Загреб е финалист (3 бода и гол разлика + 16 ), а втора во групата е Татабања (3 бода и гол ралика од минус 1). Трет е Еурофарм Пелистер (3 бода и гол разлика од минус 16) на мини-табелата од трите екипи со три бода.

Клучно за поразот на „зелените“ беше првото полувреме во кое во последните 15 минути постигнаа само два гола, а примија 10. Во 16 минута резултатот беше 10-6 за Загреб, а потоа следуваше серија на Хрватите кои поведоа со 13-6 со двата гол на Дибиров. Тогаш почна и целосно да „пука“ одбраната на Еурофарм Пелистер кој алесно примаше голови.

И на овој меч битолчани имаа проблеми да го користат најдобриот тим, бидејќи Тајник е повреден, а и некои други се жалеа на повреди. Но, факт е дека тимот одигра многу, многу слабо во првото полувреме кога ен аправи недостижната предност.

Жарко Пешевски ја прекина лошата серија на тимот намалувајќи на 13-7. Но, пото апак следуваше „црн период“ во кој Загреб имаше серија од 6-0 и поведе со 19-7. Во тој момент тоа беше највисоката предност на Загреб на мечот. На пауза во соблекувалните се замина со резултат 20-9 за Загреб кој имаше голема предност пред вторите 30 минути.

Наместо да се обидат да ја намалат гол разликата пелистерци продолжија да играат слабо, а разликата се зголеми на 26-11, што беше највисока предност дотогаш, во 43 минута од средбата. За Еурофарм Пелистер мечот веќе беше завршен во 47 минута кога Загреб поведе со 31-14. Сите чекаа само да мине времето бидејќи според играта битолчани неможеа да дојдат до негатива што ќе им носеше барем меч за третото место на турнирот.