Ракометарите на Бутел Скопје го освоија трофејот на меморијалниот турнир во чест на некогашниот десен бек на бутелци, Денис Тот.
Во Ѓаково, момците на Горан Кузманоски најпрво го победија домаќинот со убедливи 34-24, а на овој натпревар одлични партии имаа Димитар Узунчев со осум и Филип Николов со седум погодоци.
Во вториот натпревар, кој практично беше и финале, македонскиот тим славеше против босанската Грачаница со 29-24.
На оваа средба, засилувањето од Босна и Херцеговина, Драган Шољиќ, имаше клучна улога со осум постигнати погодоци.
Бутел Скопје претходно тестираше во Србија, каде загуби од Партизан со 35-24, а го победи Југовиќ Каќ со 26-24, и подготвен ќе ја дочека новата суперлигашка сезона.