Десното крило Виктор Марковиќ, во претстојната сезона ќе настапува за новиот суперлигаш Радовиш, кој по една година се врати во елитната конкуренција.
Марковиќ минатата сезона настапуваше за Аеродром, а претходно беше меѓу најдобрите прволигашки стрелци во дресот на Јехона.
Тој потекнува од школата на Металург, играше во Металург 2, потоа беше дел и од Ангели Волково и Работнички.
Покрај Марковиќ, радовишани се засилија со левото крило Славе Јанковски, средниот бек Петар Стојаноски и левиот бек Марко Стојанов.
Иако беше во комбинација, не беше постигнат договор со Велимир Грујовски, а пред камбек во Радовиш е и десното крило Филип Трајанов.