Трио засилувања за Драчево пред стартот на прволигашките предизвици

Прволигашот Драчево во претстојната прволигашка сезона ќе биде засилен со тројца нови ракометари.

Станува збор за десното крило Виктор Ангелевски, голманот Никола Стојкоски и кружниот напаѓач Стефан Лазаревски.

Ангелевски доаѓа од тимот на Македонија Ѓорче Петров, Стојкоски последно бранеше во Скопје, а Лазаревски беше дел од Голден Арт.

Драчево во новата сезона ќе биде дел од групата Б и ќе игра против Вардар Неготино, Скопје, Младост Богданци, Македонија Ѓорче Петров, Шампион, Партизан Гевгелија, Текстилец и Преспа Вардар.

Стартот на прволигашката конкуренција е планиран во втората половина од септември.