Противник на Ѓорче Петров во финалето на турнирот „Ѓорче Куп“ ќе биде составот на Напредак Крушевац, кој запиша две победи над Чаир и Бор во втората група.
Напредак вчера беше подобар од српскиот ривал, додека денеска славеше и против Чаир со 32-26. Најдобар стрелец во составот на Напредак беше Николиќ со седум гола, а исто толку во тимот на Чаир постигна Марија Галевска.
Чаирчанки во првиот меч загубија со шест гола разлика и од Бор, а на тој натпревар се истакна Теодора Дукоска со десет погодоци.
Вардарки му парираа на Железничар во првиот дел и беше 15-15 на паузата, но во вториот дел дадоа само шест на гола и на крајот групната фаза ја заврши со два порази.
Младинската репрезентативка Леона Миленкоска беше најрасположена за игра и постигна седум погодоци против српскиот ривал.
Во битката за петтото место од 19:00 часот ќе играат Вардар и Чаир, од 11:00 за третото место ќе се соочат Бор и Железничар Инџија, додека во финалето од 21:00 часот за трофеј ќе се борат Ѓорче Петров и Напредак Крушевац.
Сите натпревари ќе се одиграат во спортската сала „Христо Батанџиев“ во Волково.
Турнир Ѓорче Куп, резултати:
Чаир – Бор 28-34
Вардар – Железничар Инџија 21-28
Чаир – Напредак Крушевац 26-32