ПРИЛЕП 2024: Охрид убедлив на стартот, домаќините изненадени од Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Охрид стартуваа со убедлива победа против Куманово со 32-21 на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, додека домаќинот Прилеп загуби од Еурофарм Пелистер 2 со 31-28.

По релативно израмнетиот прв дел, кога кумановци одржуваа резултатска рамнотежа против Охрид, во вториот дел избраниците на Стевче Алушовски комплетно го надиграа ривалот.

Цирар со пет гола, како и Андоновски, Орјоникидзе и Сафранко со по четири погодоци, беа предводници на Охрид до високата победа, додека кај Куманово со десет гола блескаше Чиао Винисиус.

Прилепчани изненадувачки загубија од младиот состав на Еурофарм Пелистер со 31-28. Избраниците на Александар Зарков водеа со 16-13, во второто полувреме домаќините се вратија на два пати на минус еден, но немаа сили за комплетен камбек во натпреварот.

Меморијален турнир „Миле Нешкоски“, резултати:

Охрид – Куманово 32-21
Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 28-31