Грчкиот вицепрвак АЕК Атина донесе уште две засилувања пред старот на новата сезона во која ќе влезе со амбиции да го симне Олимпијакос од тронот.
Најново засилување е 28-годишниот лев бек од францускиот Иври, Дилан Гарен, а АЕК се договори и со левото крило Лукас Генес, 19-годишник кој доаѓа од францускиот Вилербан.
Гарен беше дел од ПСЖ долго време, а настапуваше и за Ним, Данкерк, Трембле и Иври, од каде доаѓа во Атина.
Јасно е дека стратегот Фредерик Бужан сака повеќе свои сонародници во клубот, откако претходно потпишаа и искусниот голман Јан Женти и левото крило Адама Кеита.
Во Атина претстојната сезона ќе игра и Германецот Ерик Шмит, кој со националниот тим стана шампион на Европа во 2016 година, како и португалскиот лев бек Жилберто Дуарте.