Унгарскиот репрезентативен голман Криштоф Паласич, во претстојната сезона ќе ги брани боите на португалската Бенфика.
Младиот Унгарец минатата сезона играше за шпанската Ла Риоха, беше договорено и оваа сезона да остане таму на позајмица од унгарскиот гигант Веспрем, но плановите се променија.
Ла Риоха нема да игра во Европа претстојната сезона, па Веспрем одлучи дека за неговиот напредок е подобро да брани во Бенфика, која ќе биде дел од Лигата на Европа.
Палашич, кој имаше одлични партии на ЕП 2024 и на ОИ 2024, ќе биде соиграч на македонскиот репрезентативец Филип Талески.