Еден замина, друг дојде: Шпанецот Херона на клупата на Јапонија

Шпанскиот стратег Тони Херона во иднина ќе биде селектор на машката репрезентација на Јапонија.

Тој доаѓа на местото на Aнтонио Ортега, кој беше преодно решение по заминувањето на Дагур Сигурдсон и ги водеше „самураите“ на Олимписките игри во Париз.

Херона беше без ангажман по заминувањето од селекторската позиција во Србија и од францускиот Шарт.

Претходно Херона беше селектор на Тунис три години, во клупскиот ракомет работеше како асистент тренер во Барселона, беше коодинатор на младинските селекции во „Блауграна“, а седеше и на клупата на Ел Џаиш.