Македонскиот интернационалец Владимир Трајкоски во новата сезона ќе има нов клуб во јужниот сосед.
По настапите за Панелиниос, средниот бек во новата сезона ќе ги брани боите на амбициозниот Аеропос Едеса.
Освен во грчкиот шампионат, Трајкоски има интернационално искуство и во косовскиот тим Трепча.
Младиот ракометар во Македонија настапуваше за матичниот Прилеп, го носеше дресот и на Голден Арт и Скопје, додека во 2018 година со кадетската екипа на Прилеп го освои трофејот во кадетскиот шампионат.