Леонида Гичевска дебитираше за Лада Тољати

Македонската репрезентативка Леонида Гичевска го стартуваше својот нов предизвик во кариерата, малку поинаков од досегашните.

Таа ги одигра првите натпревари за нејзиниот нов клуб, славниот руски клуб Лада Тољати на турнир во Звенигород.

Гичевска и Лада го совладаа белорускиот БНТУ Минск со 26-25, а загубија од Черноморочка со 31-28 и од Звезда со 30-26.

На сите три натпревари, македонската репрезентативка постигнуваше по два гола и ја искористи минутажата од тренерот Екатерина Мареникова.