Откако ја делеа правдата на најтешките и најважните натпревари на машкиот дел од ракометниот олимписки турнир, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани и за финалниот ден, и тоа за најважниот меч, дуелот меѓу Германија и Данска.
Нашите најдобри судии ќе бидат замена за Словенците Бојан Лах и Давид Сок. Тие се делегирани во случај ако номинираните судии од некоја причина не можат да го судат финалето.
Претходно Николов и Начевски го судеа полуфиналниот дуел меѓу Германија и Шпанија. Ова е четврта Олимпијада на која тие судат.
Тие го судеа финалето на ЕП 2020 во Шведска, Австрија и Норвешка, финалето на ОИ 2020 во Токио, финалето на СП 2023 во Полска и Шведска, како и полуфинале на ЕП 2024 во Германија, а оваа сезона и финалето на Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Во низата се и дуелите за бронза на СП 2013 и ЕП 2016, а зад себе имаат отусдено на седум ЕП и седум СП во серија, додека Олимписките игри во Париз се четврти во кариерата на македонските судии.