Десниот бек од Србија, Лазар Адамовиќ, кој сезона и пол мина во редовите на Вардар Неготино, ќе има нов предизвик во кариерата.
Адамовиќ замина на Кипар и во претстојната сезона ќе го носи дресот на шампионот Анортозис Фамагуста.
Српскиот интернационалец во својата кариера настапуваше во Шпанија, Грција, Италија, Кувајт, како и во Македонија.
29-годишниот ракометар две сезони го носеше дресот на Охрид и заедно со македонскиот тим во сезона 2017/18 учествуваше на европска сцена.
Во Вардар Неготино беше најдобар стрелец и повеќепати беше избран за МВП на колото во Супер лигата во изборот на 24Ракомет.