Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, под водство на новиот тренер Александар Зарков, денес ги започнаа подготовките за новата сезона.
Со работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ започна мисијата за враќање во Супер лигата.
Тимот доби на искуство со ангажманот на триото – голманот Мартин Јовановски, средниот бек Стефан Дрогришки и левото крило Дамјан Наумовски.
Остатокот од екипата ќе бидат ракометарите што и лани беа дел од екипата меѓу кои и младинските репрезентативци Калајџиески, Белистојаноски и Ристевски, а заминаа петмина.
Тоа се странците Алем Хаџиќ, Богдан Мијушковиќ и Василије Печурица, како и искусните Стефан Талевски и Стефан Трпчевски.
Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во Битола, а кон екипата ќе бидат одиграни и некои ракометари од младинската школа.
Битолчани ќе одиграат серија на контролни натпревари, а ќе учествуваат и на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп.