Милева Велкова ќе го води МРК Ѓорче Петров

Легендарната македонска репрезентативка Милева Велкова во новата сезона ќе го води составот на МРК Ѓорче Петров, кој за првпат ќе заигра во најсилната женска конкуренција.

Велкова беше дел од стручниот штаб на првиот тим, работеше и во младинските категории со пионерките, со кои лани стигна до титулата на завршниот турнир и имаше успешни резултати.

Сега ќе има можност да го води МРК Ѓорче Петров за првпат во сениорска конкуренција во Женската лига и да им замрси сметките на фаворитите за место во разигрувањето за титулата.

МРК Ѓорче Петров се најде во групата А во Женската лига и за ривали ги доби составите на Чаир, Скопје, Стружанка и Астибо.