Денеска се одигра шест натпревари за пласман на Европското првенство за младинците во словенечкиот град Целје.
Во дуелот за избегнување на последното место, селекцијата на Грција ја победи Црна Гора со 35-32, па „фенерот“ ќе биде за нашиот прв ривал на ЕП.
Во битката за 21 место, Израел ја победи Украина со 32-24, додека натпревар за 19 место играа Чешка и Италија, кој го добија Чесите.
На крајот на ЕП на 17 место заврши селекцијата на Швајцарија, додека Србија, која ќе остане без селектор по континенталниот собир, го освои 13 место.
Европско првенство, младинци, резултати:
за 23 место
Црна Гора – Грција 32-35
за 21 место
Израел – Украина 32-24
за 19 место
Италија – Чешка 33-35
за 17 место
Фарски Острови – Швајцарија 32-35
за 15 место
Романија – Словенија 30-31
за 13 место
Србија – Полска 27-25