Спортското друштво Партизан, покрај машкиот, од ова лето ќе има и женски клуб, кој е формиран пред неколку дена.
Амбициозното раководство веднаш одржа и изборно собрание на кое беа именувани водечките луѓе, а најмногу внимание кај српските медиуми привлече новата претседателка, за која се пишува повеќе отколку за самиот проект.
Станува збор за Нина Митиќ, помошник министер во Министерството за малцинства и човекови права. Позната е и како борец за женски права, напредок во сите сфери на друштво и ангажирана во голем број организација.
Ако ова е само маркетинг потег, што повеќе луѓе да дознаат за новиот српски проект, тогаш е во вистинско време.
За играчкиот кадар нема никакви информации, но тимот веднаш ќе добие право да се натпреварува во елитната српска конкуренција, па и во женскиот ракомет претстојната сезона ќе има големо дерби Црвена Ѕвезда – Партизан.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram