Македонскиот вицепрвак Вардар денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона во која освен на домашна, ќе игра и на меѓународна сцена.
За таа цел тимот се засили со седум нови ракометари, а дополнително се очекува да биде ангажиран и чувар на мрежата.
Во „црвено-црн“ дрес ќе настапуваат бековите Томче Стојановски, Марио Танкоски, Ашраф Маргели, Дмитро Горига и Младен Крсманчиќ, пивотот Луис Коиј, како и крилото Мигел Пинто.
Вардарци вечерва ги започнаа тренинзите за новата сезона, дел од подготовките ќе одработат во Маврово, а потоа ги чекаат настапи на турнирите во Струга и Охрид.
Од екипата заминаа Јасухира, Карапалевски, Томовски, Мишевски и Ѓукиќ.