Селекцијата на Хрватска загуби во генералката пред Олимписките игри од домаќинот Франција со 31-26.
Домашните уште по првиот дел го решија победникот, кога поведоа со 18-14, а во второто полувреме секогаш кога Хрватите ќе се доближеа на минус три, Французите успеваа да погодат и до крајот ја задржаа предноста.
Ветеранот на голот, Венсан Жерар имаше 11 интервенции, а стрелците со по шест гола ги предводеа Деска и Фабрегас. Пет додаде уште Ричардсон.
Во составот на Хрватска, голманот Мандиќ запре пет удари на Французите, а најдобар стрелец беше Шоштариќ со осум погодоци.
На пријателскиот натпревар меѓу женските селекции на Бразил и Словенија, триумфираше јужноамериканскиот состав со 29-23.